Фернор Орев Садници

ЗА СОРТАТА ФЕРНОР

Фернор (Juglans regia 'Fernor') е француска сорта орев отпорна на студ. Родна е и доцна се разлистува. Настанала е со вкрстување на сортите Franquette и Lara. Фернор може да се сади во студени подрачја, како и на надморска височина до 1800 метри.

  • Родност: Фернор е рана сорта, што значи дека почнува да раѓа 3 или 4 години по садењето на дрвото. Кога ќе достигне полна родност, приносот може да достигне и 8 тони ореви по хектар.
  • Квалитет на плодот и лушпата: Фернор дава плодови со тенка лушпа. Јадрото е вкусно и со светла боја. Тенката лушпа и бојата на јадрото се важни својства при определувањето на продажната цена на оревите. Оревите со посветло јадро се продаваат по повисока цена. Јадрото лесно се вади од лушпата и лесно се крши на половинки.
  • Големина на дрвото: Фернор расте полуисправено. Погоден е за густо садење, на пример на растојание 6 х 5 метри. Повеќе детали за растојанието при садење се дадени подолу на оваа страница.
  • Време на разлистување: Фернор е сорта која доцна се разлистува. Тоа е предност, бидејќи сортите што доцна се разлистуваат се помалку изложени на мраз, на бактериоза кај оревот и на плодовиот црв.
  • Опрашување: Опрашувач на сортата Фернор е Фернет (Fernette). Препорачуваме садење на 1 дрво Фернет на секои 10 дрвја Фернор.
  • Подлога: Во расадникот Waltree го калемиме Фернор на подлога Juglans regia (позната како англиски орев). Тоа е најчесто избираната подлога поради нејзината толеранција на болеста blackline.
  • Кога да се сади: Фернор може да се сади од ноември до средината на април наредната година. Најдоброто време за садење зависи од вашата земја и од положбата на вашето земјиште. Ве молиме прашајте нѐ ако не сте сигурни.
ЦЕНА НА ОРЕВИТЕ САДНИЦИ

ПРОСТОР ЗА ФЕРНОР ОРЕВИТЕ САДНИЦИ

chandler tree spacing

Со долгогодишно искуство, во расадникот Waltree препорачуваме растојание 6 х 5 метри за садниците орев Фернор. Ваквиот распоред ги поставува дрвјата во истиот ред поблиску едно до друго и остава доволно простор меѓу редовите. Тоа носи побрза заработка и ви овозможува за пократко време да добиете висок принос од вашиот овоштарник. Опрашувачите можете да ги насадите во истиот ред за полесно да ги препознаете кога дрвјата ќе пораснат. Опрашувачите треба да се садат од страната од која дува ветерот во однос на главната сорта, за да може поленот да се разнесува со ветерот и да ја опраши главната сорта. Со алатката подолу можете да го пресметате бројот на дрвја што можете да ги насадите на вашата земја:

Ве молиме внесете ја површината на вашата земја подолу за да го пресметате бројот на дрвја што можете да го насадите.

walnut tree shipping

ИСПОРАКА

Садниците им ги испорачуваме на нашите клиенти од ноември до април наредната година. Дали ви е потребна испорака на садниците во вашата земја? Можеме да организираме камион и да ги доставиме садниците до вашето земјиште. Корените на садниците ги мием пред товарењето во камионот и ги чистиме од секаква почва. Младите садници орев ги испраќаме со голи корени и во мирување (во зимски сон). Обезбедуваме фитосанитарни сертификати за сите наши сорти. Нашиот расадник ја подготвува целата документација потребна за извоз на садниците. Вие треба само да бидете подготвени да ги примите садниците на вашата локација. Купувањето садници орев Фернор од Турција е многу добар избор, како поради поповолната цена така и поради добриот квалитет на садниците.

Садниците можете да ги насадите во рок од една недела од испораката или да ги чувате додека не бидете подготвени за садење: прочитајте ги упатствата подолу за да дознаете како да ги чувате садниците: Садниците можете да ги чувате повеќе недели додека не бидете подготвени да ги насадите. Изберете место кое не е изложено на силен ветер, во затворено или на отворено. Важно е да ги чувате на температура по можност меѓу 0 и 8 степени Целзиусови, за да не се разбудат садниците од зимскиот сон. Затрупајте ги корените на садниците со песок или почва и држете ги така сѐ додека не ги насадите.

Садење Садници И Одржување Дрвја

Ние нудиме бесплатно консултантски услуги на нашите клиенти по нивното купување. Секоја земја има различна почва и клима затоа има различни потреби. Во зависност од локацијата на вашата земја, ние ви даваме детални упатства за тоа како да ги одгледувате вашите дрвја. Ние ви помагаме со предметите: како да ја подготвите вашата земја за садење садници, какво ѓубриво да го користите, како да ги градинарите дрвјата и како да управувате со вашиот овоштарник со години.

Често поставувани прашања

Кој вид на орев е најдобар за моето место?

Ова зависи од тоа во која држава и град се наоѓа вашето место. Ве молиме да не исконтактирате, ние можеме да ви дадеме одговор базиран на неколку одлики на местото, како висина, годишни температури, влажност, вид на земја и друго. Во зависност од овие информации, можеме да ви кажеме кои видови би биле најпогодни за вашето место.

Која големина на дрвја треба да ја купам, што е разликата?

Високите дрвја се малку поскапи од пониските, но почнуваат да раѓаат ореви порано. Оттука, одлуката е ваша. Продаваме дрвја во 3 големини: 60цм, 150цм и 200цм. Ве молиме пополнете го формуларот или контактирајте нѐ за да ги дознате нашите цени.

Дали имате фитосанитарни сертификати?

Да, ние имаме фитосанитарни сертификати за сите наши видови на ореви. Нашите сертификати се издадени од Турското Министерство за Агрокултура.

Дали извезувате садници до Македонија?

Да, ние ги извезуваме нашите садници до скоро секоја држава во Европа и Азија. Во последниве години имаме извезувано до Грција, Романија, Бугарија, Македонија, Косово, Италија, Шпанија, Узбекистан, Туркменистан, Азербеџан и останато.

Дали може да ги донесете садниците до мојот град?

Да, некои од нашите купувачи сакаат садниците да бидат испорачани до нивниот град. Доколку преферирате, би можеле да договориме камион да ги донесе садниците до вашата локација во ладилник. Инаку, можете да договорите транспортна компанија самите вие и ние да ги ставиме дрвјата во камионот. Како трета опција, можете да дојдете сами и да ги подигнете дрвјата од нашиот расадник.

Дали трошоците за транспорт се вклучени во цената на дрвјата?

Нашите цени вклучуваат цената на дрвјата и се останато вклучувајќи трошоци за документи за извоз до вашата држава. Сепак, нашите цени не ги вклучуваат трошоците за транспорт. Доколку сакате садниците да бидат испорачани до вашата локација, ве молиме прашајте не за трошоците за транспорт.

Колку треба да биде растојанието помеѓу дрвјата кога се садат?

Нашиот предлог е да ги садите со 5 х 6 метри растојание.

Кога моите дрвја ќе почнат да произведуваат ореви?

Садниците ќе имаат 2 години кога ќе ги добиете. Можете да почнете да ги берите околу 3 години по садењето.

Како треба да ја подготвиме нашата почва за садење на дрвјата и кој е процесот на садење?

Кога ќе ги купите дрвјата, ви даваме бесплатна консултација и совет за се што треба да знаете од почеток до крај. Исто така правиме проверка на вашата анализа на почвата, и ви даваме предлози според вашиот извештај.

ЦЕНИТЕ ЗА ОРЕВИ САДНИЦИ

Пополнете го формуларот за контакт И кје Ви пратиме листа со цени во рок од 24 часа.