chandler tree spacing


walnut tree shipping

Често поставувани прашања

Кој вид на орев е најдобар за моето место?

Ова зависи од тоа во која држава и град се наоѓа вашето место. Ве молиме да не исконтактирате, ние можеме да ви дадеме одговор базиран на неколку одлики на местото, како висина, годишни температури, влажност, вид на земја и друго. Во зависност од овие информации, можеме да ви кажеме кои видови би биле најпогодни за вашето место.

Која големина на дрвја треба да ја купам, што е разликата?

Високите дрвја се малку поскапи од пониските, но почнуваат да раѓаат ореви порано. Оттука, одлуката е ваша. Продаваме дрвја во 3 големини: 60цм, 150цм и 200цм. Ве молиме пополнете го формуларот или контактирајте нѐ за да ги дознате нашите цени.

Дали имате фитосанитарни сертификати?

Да, ние имаме фитосанитарни сертификати за сите наши видови на ореви. Нашите сертификати се издадени од Турското Министерство за Агрокултура.

Дали извезувате садници до Македонија?

Да, ние ги извезуваме нашите садници до скоро секоја држава во Европа и Азија. Во последниве години имаме извезувано до Грција, Романија, Бугарија, Македонија, Косово, Италија, Шпанија, Узбекистан, Туркменистан, Азербеџан и останато.

Дали може да ги донесете садниците до мојот град?

Да, некои од нашите купувачи сакаат садниците да бидат испорачани до нивниот град. Доколку преферирате, би можеле да договориме камион да ги донесе садниците до вашата локација во ладилник. Инаку, можете да договорите транспортна компанија самите вие и ние да ги ставиме дрвјата во камионот. Како трета опција, можете да дојдете сами и да ги подигнете дрвјата од нашиот расадник.

Дали трошоците за транспорт се вклучени во цената на дрвјата?

Нашите цени вклучуваат цената на дрвјата и се останато вклучувајќи трошоци за документи за извоз до вашата држава. Сепак, нашите цени не ги вклучуваат трошоците за транспорт. Доколку сакате садниците да бидат испорачани до вашата локација, ве молиме прашајте не за трошоците за транспорт.

Колку треба да биде растојанието помеѓу дрвјата кога се садат?

Нашиот предлог е да ги садите со 5 х 6 метри растојание.

Кога моите дрвја ќе почнат да произведуваат ореви?

Садниците ќе имаат 2 години кога ќе ги добиете. Можете да почнете да ги берите околу 3 години по садењето.

Како треба да ја подготвиме нашата почва за садење на дрвјата и кој е процесот на садење?

Кога ќе ги купите дрвјата, ви даваме бесплатна консултација и совет за се што треба да знаете од почеток до крај. Исто така правиме проверка на вашата анализа на почвата, и ви даваме предлози според вашиот извештај.

ЦЕНИТЕ ЗА ОРЕВИ САДНИЦИ

Пополнете го формуларот за контакт И кје Ви пратиме листа со цени во рок од 24 часа.